дома Македонија Пендаровски за странските експерти: Ниеден странски експерт нема право да презема самостојно...

Пендаровски за странските експерти: Ниеден странски експерт нема право да презема самостојно прeдистражни дејствија, може само да присуствуваат

Германските експерти ќе дојдар до крајот на неделава, а можно е да дојдат други експерти и побрзо за 48 часа, изјави претседателот Стево Пендаровски околу истрагата за пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово.

Тој напомена дека тие се експерти со висока репутација од Институт за криминалистички истражувања.

Нашите граѓани треба да знаат дека истрагата ќе покаже онолку колку што нашите домашни органи ќе истражат. Добро е дека има странски експерти за да нема сомнеж дека нешто ќе се прикрие, бидејќи тие овде се објективно во статус на мониторинг. Сепак треба да се знае дека ниеден странски експерт нема право да презема самостојно предистражни дејствија, според нашите закони. Може само да присуствуваат, рече Пендаровски во емисијата „360 степени“.

Владата утрово објави дека е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово.