April 24, 2024, 11:27 pm

Пендаровски и Мицковски со честитки по повод празникот Св. Климент Охридски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичко-општествениот врв на македонското општество со честитки за празникот Св. Климент Охридски. Ги пренесуваме честитките на Претседателот Пендароцски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кои ги пренесуваме во целост:

„Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија да им го честитам 8-ми Декември денот кога го чествуваме големиот просветител Свети Климент Охридски.

Денес го славиме ликот и делото на светиот Климент Охридски, патронот на Македонската православна црква, големиот словенски просветител, книжевник, учител, првиот словенски епископ и основач на големата Охридска книжевна школа која преставува првиот своевиден словенски универзитет. Светиот Климент Охридски е длабоко врежан во македонската историска меморија, но и човек кој со своето цивилизациско дело, кириличната азбука, се запишал со златни букви во словенскиот свет, но и во европската и светска духовна и културна ризница.

Тој е еден од најголемите и најдостојните ученици на светите Кирил и Методиј кој целиот свој живот го посветил на продолжувањето и ширењето на нивната работа. Како верен и доследен ученик на словенските просветители поминал макотрпен пат исполнет со премрежија и прогони, пат кој го издигна во еден од најголемите просветители. Неговото дело како факел носеше светлина за целиот словенски род.

Македонија е особено горда на неспорниот факт дека просветителскиот бран кој го понесе светиот Климент Охридски почна од Охрид, од Македонија и преку бројните преведени книги и учители кои произлегле од Охридската школа, се проширил во светот.

Вечен нека е споменот за свети Климент Охридски и неговото дело.
Вечен и честит нека е празникот.
Вечна нека е Македонија!„ – Стои во соопштението до новинарите на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека пак честитките од Претседателот на Републиката кои пристигнаа во нашата редакција се насочени кон поглаварот на МПЦ:

„Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима.

Почитуван г. г. Стефан,

Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архиерејски синод, на целото свештенство и монаштво и на сите верници од православната вероисповед, да ви го честитам празникот Свети Климент Охридски.

Како еден од најистакнатите ученици и следбеници на сесловенските браќа, светите Кирил и Методиј, Климент Охридски со отворањето на Охридската книжевна школа, позната и како Прв универзитет на Балканот, остави непроценлив придонес во етаблирањето на словенската култура. Неговото духовно и книжевно дело е трајно врежано во македонското културно наследство, но и во историјата и во традицијата на многу европски земји.

Мудроста и поуките на свети Климент Охридски се втемелени во светогледот на нашиот народ и на нивните вредности се развива и нашата Македонска православна црква. Инспирирани од неговото дело, во овие сложени времиња исполнети со многу предизвици, да се стремиме кон подостоен живот, живот исполнет со добри дела.

Да бидеме солидарни, сплотени, да си посветуваме внимание и да си даруваме љубов.

Нека е за многу години големиот празник Свети Климент Охридски.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This