дома Македонија ПЕНДАРОВСКИ: Лидерска средба во првата половина на мај

ПЕНДАРОВСКИ: Лидерска средба во првата половина на мај

Претседателот Стево Пендаровски планира да организира лидерска средба во првата половина на следниот месец.

Од Кабинетот на претседателот, за МИА велат дека на средбата во мај ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори.

– Во овој период сите нaпори и државни ресурси треба да бидат насочени кон справување со пандемијата на коронавирусот, изјавија од Кабинетот на претседателот Пенадровски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа јавно го повика шефот на државата, Стево Пендаровски да свика лидерска средба во врска со иницијативата на СДСМ и коалициските партнери кои бараат повторното свикување на Собранието