дома Македонија Пендаровски: Македонија сѐ уште не е влезена во бугарско сценарио

Пендаровски: Македонија сѐ уште не е влезена во бугарско сценарио

Претседателот Стево Пендаровски не смета дека земјава е влезена во бугарско сценарио. Политичките случувањата, оценува, се уште се одвиваат во рамки на Парламентот, низ процедура, и тоа е добро. Лошо ќе биде, вели, ако се прелеат на улица.
Како што рече Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Сител, најголемата заблуда е дека тој во ваков случај треба да свика лидерска средба.

Во однос на спорот со Бугарија, Пендаровски порача да се скоцентрираме на оние кои евентуално ќе направат нова влада. Радев, потсети Пендаровски, во моментов е единствената функционална институција и таква ситуација во Бугарија може да има до 14 декември.
-Можеме да разговараме што тие мислат. Што бараме да зборуваме за Самоил, ако критериумот е ЕУ?, рече Пендаровски