Пендаровски: Македонскиот народ е привилегиран да има како дел од своето наследство вертикала каква што е Конески

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски вечерва се обрати на свеченото одбележување на јубилеите „75 години Филолошки факултет“ и „100 години од раѓањето на Блаже Конески“ што се одржа во Македонскиот народен театар во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје.

На крајот сме од годината во која одбележуваме 100 години од раѓањето на Блаже Конески, еден од носечките столбови на современите образовни, научни, културни и уметнички политики кај нас. Македонскиот народ е привилегиран да има како дел од своето културно, уметничко и научно наследство, вертикала каква што е Конески.

Блаже Конески останува современ за сите времиња. И затоа немам сомнеж дека Филолошкиот факултет кој го носи неговото име, ќе остане современ и траен за сите времиња, рече Пендаровски.

На свечениот настан, на претседателот Пендаровски му беше врачена плакета во знак на особена благодарност за континуираните напори и за придонесот во развојот на високообразовната и научната дејност, како и за несебичната поддршка и афирмација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје во земјата и во странство, соопштија од кабинетот на шефот на државата.

Беше прикажана и балетската претстава „Меѓусвет“ (Убавите жени) инспирирана од поезијата на Блаже Конески чија кореографија и режија ја подготви Рисима Рисимкин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This