дома Актуелно Пендаровски му го даде мандатот на 3aeв да формира влада

Пендаровски му го даде мандатот на 3aeв да формира влада

Претседателот Стево Пендаровски, и покрај пораките дека треба да чека да се конституира Собранието, му го даде денес мандатот да формира влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Обидот вчера да се опструира на некој начин оваа одлука така што ќе се свика седница и паралелно можеби ќе се „презема“ власта, од нејасни причини пропадна.

Пред да ја соопшти одлуката на Заев, Пендаровски го прочита членот од Уставот кој го овластува да му даде шанса да формира влада на победникот на изборите, коалицијата Можеме.

-Чест и одговорност ми е, согласно Уставот, како предводник на коалицијата Можеме, која освои најмногу места во парламентот да го добијам мандатот за составување нова европска и демократска влада. Од овој момент во рок од 20 дена имаме задача да составиме програма и стабилна влада која е подготвена да работи и да служи на сите граѓани подеднакво, ослободена од било какви етнички и други предрасуди, рече Заев.