Далеку сме од европскиот просек вели претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски во своето гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевзија, зборувајќи за правото и правдата во нашата држава.
-Ние можеме да влеземе во една анализа зошто правдата се уште не е стигната во оние количини во кои треба да ја има, вели Пендаровски.
Понатаму тој посочува дека тоа што во Македонија 30 години ниту еден висок функционер не осуден и не лежи затвор не говори добро за државата.
-30 години транзиција не зборува добро за нашата држава тоа што ниту еден висок функционер не е осуден, не лежи затвор, додаде тој.
За него главен индикатор дали има правна држава или не е гонењето на функционери од актуелната власт, а во тој дел Македонија и власта на СДСМ нема со што да се пофали.
-Дали има правна држава или нема, главниот индикатор не е само да ги гониш од претходно туку дали некој од твоите ќе заглави во затвор за докажани кривични дела. Значи во тој дел ние немаме што да се пофалиме.