дома Македонија Пендаровски најпопуларен политичар од власта според анкетата на „Брима“

Пендаровски најпопуларен политичар од власта според анкетата на „Брима“

Пендаровски е најпопуларен политичар на власт, вели најновата анкета на Брима Галуп која ја разбранува јавноста утринава. Според резултатите од анкетата, дури речиси половина од анкетираните имаат благонаклоно или донекаде благонаклоно размислување за шефот на државата, а негативниот рејтинг на претседателот на Р.Македонија е нешто повеќе од половина.

За разлика од Пендаровски, шефот на извршната власт Зоран Заев бележи речиси двојно повисок негативен рејтинг, односно две третини од анкетираните имаат неблагонаклоно мислење за работата на премиерот, а само една третина имаат благонаклоно размислување.

Рејтингот на Пендаровски е поголем и од оној на претседателот на СДСМ и Владата, Зоран Заев.

Многу благонаклоно кон Пендаровски гледаат 16.1 процент од граѓаните, додека до некаде благонаклно гледаат кон претседателот 28.4 процент од граѓаните. Кумулативно позитивно на Пендаровски гледаат 44.9 проценти од граѓаните.

Кон Пендаровски до некаде неблагонаклоно гледаат 20.9 проценти од граѓаните, а многу неблагонаклоно 30.2 проценти од граѓаните, или 51.1% од анкетираните имаат негативна перцепција за шефот на државата.

Колку за споредба кон Заев многу благонаклоно гледаат 14.9 проценти од анкетираните, донекаде благонаклоно 19.1 проценти од граѓаните, или 34% имаат позитивна перцепција за премиерот.

Во анкетата на Брима Галуп многу неблагонаклоно за Заев се изјасниле 46.3 проценти од граѓаните, а донекаде наблагонаклоно 20.9 проценти од граѓаните, или вкупно 63% имаат негативна перцепција за работата на шефот на Владата.