дома Македонија ПЕНДАРОВСКИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД СЕВЕРНА: Нема простор за договарање за името...

ПЕНДАРОВСКИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД СЕВЕРНА: Нема простор за договарање за името на apмиjaта

Претседателот Стево Пендаровски, прашан за дебатите кои се водат во Собранието за усвојување на Законот за одбрана, пред се одбивањето од страна на ВМРО – ДПМНЕ за името на Армијата во рамки на новиот закон, укажа дека името на Армијата како една од институциите во оваа земја е јасно определено после промената на Уставот. Тука, потенцира тој, нема простор за понатамошни дебати.


– Во овој момент овој Устав важи и во него пишува како се вика и државата и клучните институции и не гледам простор за било какво договарање во тој дел. Работните групи на парламентарните партии постигнаа согласност по целокупниот текст на тој закон, што е исклучително битен за оваа структура за која денес говориме. Остана само името и велат името не е одлука моја, Ваша, на опозицијата или на сегашната власт, само Армијата да ја применуваме. Тоа е одлука што има врска со промената на Уставот, со две третини, појасни Пендаровски.