April 25, 2024, 10:33 am

Пендаровски: Никој не очекува дека ќе се решат спopните прашања за недела или две, доколку Бугарите имаат барање, ќе разговараме со нив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот, Стево Пендаровски, во вечерашното интервју на „360 степени“ зборуваше за португалскиот предлог за деблокада на евроинтеграциите. Пендаровски посочи дека Силва понудил иницијален сет на идеи во кој се уфрлени неколку работи од спорните точки меѓу Македонија и Бугарија. Тој вели дека португалското претседателство очекува до 22 јуни, кога треба да се одржи и Советот за општи работи на ЕУ, Бугарија да ја одобри преговарачката рамка за Македонија.

„Никој не очекува дека ќе се решат спорните прашања за недела или две, дури ни португалското претседателство кое се приближува кон крајот на нивното претседавање. Министерот Силва денеска рече дека во Софија ги слушнал нивните загрижености и сега доаѓа во Скопје да да ги слушне и нашите размислувања за неколку критични точки. Бидејќи како и Бугарите, така и ние рековме дека за некои работи не можеме да разговараме, за некои ќе разговараме. За тоа што нема да преговараме е познато, тоа е таканаречениот идентитетски комплекс“, рече Пендаровски.

Според претседателот, Силва побарал од македонското раководство да се кажат точните формулации за критичните точки, бидејќи македонското раководство најдобро ќе знае како да ги формулира националните интереси.

„Силва рече дека до 22 јуни кога треба да се одржи Европскиот совет, до тој момент, ќе очекуваат од бугарската страна да кажат ‘да’ за преговарачката рамка. На тој совет присуствуваат само земјите-членки на ЕУ, затоа, португалското претседателство очекува дотогаш Бугарија да кажат ‘да’ за преговарачката рамка, но и да каже мислење за иницијалниот сет на идеи. Доколку, Бугарија каже нешто или имаат барање за некаква модификација во тој сет на идеи, ќе нè информираат и ќе разговараме тоа е прифатливо и за нашата страна“, додаде Пендаровски.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This