дома Македонија ПЕНДАРОВСКИ ОД АРАЧИНОВО: Арачиновци знаат да изберат!

ПЕНДАРОВСКИ ОД АРАЧИНОВО: Арачиновци знаат да изберат!

Граѓаните од ова населено место знаат да изберат, да го поддржат напредокот и концептот за заедништво, рече вечерва Пендаровски пред жителите на Арачиново.

-Јас нудам заедништво, напредок, интеграција и членство во НАТО и ЕУ. Со приклучувањето кон ЕУ, НАТО, се отвораат нови перспективи за подобар живот за сите. До сега видовте што нудам јас а што нудат другите. Јас мислам дека не нудат ништо освен враќање назад. Разликата е како небо и земја, како црно и бело. Заедно напред е слоганот на мојата кампања. Во тие два збора е содржрано и она во што верувам, дека заедно можеме и треба да одиме напред, дека напредокот започна и враќање назад нема, рече Пендаровски.