Пендаровски: Оставkата на Заев е завршена работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на државата останува на ставот дека оставката што ја поднесе премиерот Зоран Заев е избразана одлука, но тоа, потенцира, е веќе завршена работа.

„Мислам дека одолговлекувањето е само зашто најавата на Заев е дека би сакал прво да го избере партискиот лидер па тој потоа да биде мандатар на новата влада“, истакна Пендаровски.

Тој е дециден дека немал дилеми, ниту какви било двоумења на кого да го даде мандатот кога требаше да се гласа доверба на Владата во Собранието и кога имаше трка околу мнозинството.
-Јас бев на чисто што ќе правам во однос на мнозинството. Прво се гласа недоверба на Влада, па бираш нова со мнозинство од 61 пратеник. Ако ја срушеа Владата со 61 пратеник, ќе беше легитимно на втората по бројност пратеничка група, ВМРО-ДПМНЕ, да и се даде мандатот. Ако останеше тоа мнозинство и кога требаше да се бира новата влада, доволен ќе беше само телефонски повик од лидерот на опозицијата и тука Уставот не остава простор, мора да се даде мандатот на тие што го имаат мнозинството“, објасни шефот на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This