Пендаровски: Прифатлив ми е пристапот на новиот бугарски премиер дека историјата не треба да биде единствен канал на комуникација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски, кој денеска се наоѓа во посета на Приштина, во однос на прашањето меѓу Скопје и Софија, изјави дека му е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој вели дека историјата не треба да биде единствен канал на кoмуникација меѓу двете држави.

– Мене ми е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер кој заговара историјата да не биде единствениот канал преку кој ние како две соседни држави комуницираме. Разговараме за инфраструктура, разговараме за енергетско поврзување, разговараме за економија и за трговска размена, разговараме за европски интеграции, разговараме за човекови слободи и права, разговараме за пандемијата. Меѓутоа, секако не да разговараме за тоа што се случило пред три или пет века. Тоа е модерен пристап кој го поддржувам, се разбира не го поддржувам временскиот рок бидејќи беше најавен за шест месеци, мислам дека проблемот меѓу нас може да се реши за многу покус временски период, истакна Пендаровски.

Претседателот, на заедничката прес-конференција со претседателката на Косово Вјоса Османи, исто така оцени дека доколку се одолговлечи решавањето на прашањето меѓу Македонија и Бугарија, тоа не би се одразило на состојбата на дестабилизација на државата.

– Ако извесен период понатаму во иднина не добиеме датум за преговори и ако евентуално спорот со Бугарија не биде решен и останеме во ситуација во која ќе чекаме во чекалната на ЕУ подолг временски период, јас не верувам во таков развој на настаните, меѓутоа ако тоа се случи ве уверувам дека ниту денес има такви податоци, ниту утре може да дојдат такви податоци кои ќе укажуваат на безбедносна дестабилизација на Република Северна Македонија, изјави Пендаровски во одговор на новинарско прашање дали продолжувањето на рокот за старт на преговори може да значи дестабилизација на регионот и на земјава.

Пендаровски потсети дека земјава се соочи со слична ситуација кога бевме одбиени од членството во НАТО во 2008 година поради проблемот тогаш со Грција.

– Десет години потоа, во 2018 го решивме проблемот. Во тие десет години не се случи никаква безбедносна дестабилизација на државата. Значи, не знам од каде се тие оценки и на што се базираат, меѓутоа она што јас го знам, а би требало да го знам како претседател на државата во тој дел нема никаква најава дека ако чекаме подолго со нерешен спор со Бугарија или чекаме подолго да ги почнеме преговорите со ЕУ дека ќе дојде до каква била и од кого било иницирана внатрешна или од надвор дестабилизација на земјата. Значи, од тој аспект граѓаните на нашата земја може да бидат спокојни, заклучи Пендаровски на прес-конференцијата со Османи во Приштина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This