дома Македонија ПЕНДАРОВСКИ ПECИMИCT: Грешевме дека датумот е готова работа, нема да го добиеме...

ПЕНДАРОВСКИ ПECИMИCT: Грешевме дека датумот е готова работа, нема да го добиеме ни на пролет

Во вчерашното гостување на телевизија Алсат, претседателот на државата,Стево Пендаровски вели дека било грешка што, како што рече, „прикажувавме дека работата со добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ е завршена работа“.

Пендаровски вели дека е релативно тешко работите да се подредат така што Македонија би добила датум за ЕУ и на пролет, потсетувајќи дека сѐ уште е неизвесно дали новата методологија ќе биде изгласана во јануари.

Првичните информации кои ги имаме околу новопредложената методологија од страна на Франција велат дека барем 11 држави-членки имаат амандмани на тоа, 9 земји-членки излегуваат со сосема нов предлог. Мислам дека ниту Французите не знаат кога нивниот предлог, ако воопшто биде прифатен, кога може да биде формално гласан во Комисијата – рече Пендаровски.