дома Македонија ПЕНДАРОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ТУРСКАТА АМБАСАДОРКА: Дали разговарале за eкcтpaдиција на припадниците...

ПЕНДАРОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ТУРСКАТА АМБАСАДОРКА: Дали разговарале за eкcтpaдиција на припадниците на ФЕТО?

Претседателот Пендаровски ja прими амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара. Претседателот на Република С Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара.

На средбата, двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Република С Македонија и Република Турција, при што изразија задоволство од силното и традиционално пријателство и од континуираниот позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски истакна дека негувањето на стратешкото партнерство со Турција, е од исклучително значење за С Македонија, изразувајќи очекување за натамошно унапредување и зацврстување на соработката во сите области од взаемен интерес.

Претседателот Пендаровски потенцираше дека С Македонија високо ја цени и ја почитува континуираната пomош од Турција на нашиот евроатлантски пат.

„Нашето членство во Северноатлантскиот сојуз позитивно ќе влијае врз натамошната регионална соработка и ќе придонесе за траен мир и стабилност на Балканот, заложби коишто заеднички ги споделуваат и С Македонија и Турција“, порача претседателот Пендаровски на средбата.

Амбасадорката Еркал Кара на претседателот Пендаровски му пренесе честитки од турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, додавајќи дека Република Турција ќе продолжи да биде поддржувач на Република С Македонија.