April 19, 2024, 10:43 am

Пендаровски: Силва не е оптимист, но смета дека вратата за Македонија не е затворена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, во вечерашното интервју на „360 степени“, зборуваше за впечатоците од денешните средби со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантос Силва, кои во Софија и Скопје понудија сет идеи за надминување на спорот со Бугарија. Пендаровски истакна дека португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантос Силва, иако не бил голем оптимист, сепак смета дека има простор за напредок пред Советот за општи работи на ЕУ кој треба да се одржи на 22 јуни

„Силва рече дека за овој процес вратата не е затворена. Тој е искусен дипломат и долгогодишен политичар и тој така го опиша впечатокот по средбите денеска во Софија и во Скопје. Не е оптимист, меѓутоа, вели дека вратата не е затворена, а можеше да биде, ако предлогот бил одбиен како што јавуваа дел од медиумите и тука и во Бугарија“,
рече Пендаровски.

Тој потсетува дека политичката ситуација во Бугарија е многу комплексна, бидејќи во моментов има техничка Влада, а пред нив се и предвремени парламентарни избори в лето и претседателски избори наесен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This