дома Македонија Пендаровски: Мали се шансите за преговори пред јули, сите капацитети да се...

Пендаровски: Мали се шансите за преговори пред јули, сите капацитети да се посветат на решение на прашањето со Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски смета дека се многу мали шансите Македонија да почне преговоритe до јули и оти мора сите капацитети да се посветат на решение на прашањето со Бугарија.

Постојат многу мали шанси. Јас разговарав, знаете дека вчера имав средба и со известителот од ЕП за нашата земја, господинот Кучук, тој е од име на Бугарија, ја знае поодобро политичката состојба таму. Тој не исклучува како можност иако тоа е надвор од неговото портфолио како известувач од Парламентот за нас, не исклучува можност и во ситуација кога имате техничка влада да може да постои политичка волја на сите тие актери кои ќе даваат поддршка на таа техничка влада да се продолжат разговорите е само тоа зависи, не велам дека иако продолжиме и со политичка влада дека ќе најдеме решение знаејќи ги ставовите на Бугарија до сега. Меѓутоа од нив зависи, ако го продолжиме нема никаква гаранција дека ќе успееме, меѓутоа можно е и воопшто да не продолжиме со оглед на оваа политичка ситуација таму по изборите-вели тој за МИА