дома Политика ПЕНДАРОВСКИ СИ ЈА ИСПОФАЛИ СОПРУГАТА: Мојата Бети, секогаш хумана и инспиративна

ПЕНДАРОВСКИ СИ ЈА ИСПОФАЛИ СОПРУГАТА: Мојата Бети, секогаш хумана и инспиративна

Под мотото волонтираме и донираме за солидарно општество денеска во Музејот на Град Скопје, сопругата на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, д-р Елизабета Ѓорѓиевска организираше донаторска акција за Институтот за белод робни заб олувања кај децата „Козле“.

Во акцијата се донираа детски книги и сликовници со кои комплетно ќе се опреми книжевно катче со детска литература на македонски и албански јазик.

-Мојата Бети, секогаш хумана и инспиративна. Одлична иницијатива, прекрасна енергија – напиша Пендаровски во опис на фотографиите од хуманитарната акција на неговата сопруга.