дома Хроника Пендаровски: Сочувство до семејствата на починaтитe, на повpeдените им посакувам успешно закрепнување

Пендаровски: Сочувство до семејствата на починaтитe, на повpeдените им посакувам успешно закрепнување

Претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејствата и роднините на починатите во пожарот што избувна вечерва околу 21 часот во Ковид-центарот во Тетово.
-Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук