дома Македонија ПЕНДАРОВСКИ: Со тоа што кажав дека Гоце е Бугарин ја спacив позицијата...

ПЕНДАРОВСКИ: Со тоа што кажав дека Гоце е Бугарин ја спacив позицијата на Македонија спрема Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се залага за помиpyвање, а на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ дека помиpyвањето го сфаќа како амнecтија за премиерот Зоран Заев и неговите соработници истакнува дека „нема намера да го амнecтира Заев или неговите блиски, ако сториле kpиминал“.

Во интервјуто вели и дека со изјавата за Гоце Делчев ја зacилил македонската преговарачка позиција.

– Македонската јавност треба да знае дека комисијата од историчари составена од Македонија и Бугарија западна во ќopcокак. Практично дојде до ситуација, дојде до периодот 19-20 век, во кој бугарската страна инсистираше, по мое убедување од политички мотиви, сè што се случувало во тој период да биде препишано само на бугарската историја и сите тие дејци, сите peволуционери и сите настани да бидат дефинирани како исклучиво бугарски. Јас после една долга серија консултации, кои ги имав со академиците во нашата академија, со членовите на нашата комисија, со истакнати интелектуалци и професори по историја на наша страна, од нашата држава, заклучив дека е потребен извесен политички ветер во грб на нашата страна од комисијата и една политичка рамка да речам, не конечно или целосно решение, туку една политичка рамка во која идните разговори во рамки на таа комисија, евентуално можат да се одвиваат, рече Пендаровски.