дома Политика ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ СЕ ОБРАТИ ПРЕД ЈАВНОСТА: Советот за бeзбeдноcт попладне ќе одлучува...

ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ СЕ ОБРАТИ ПРЕД ЈАВНОСТА: Советот за бeзбeдноcт попладне ќе одлучува за евентуалното продолжување на вoнрeднaтa cоcтојбa

Советот за безбедност денеска напладне ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

Покрај постојаните членови на Советот, на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

По завршувањето на седницата, најавено е дека претседателот Пендаровски ќе даде изјава за јавноста.

Премиерот Оливер Спасовски во четвртокот изјави дека се прават проценки дали ќе биде побарана нова вонредна состојба, но нагласува дека по нејзиното завршување, според Уставот и законите, треба да продолжат изборните дејства.

Во текот на вчерашниот ден, високите функционери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ-Мила Царовска и Александар Николоски, истакнаа дека e потребно продолжување на вонредната состојба.

Инаку, денеска е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба што ја прогласи Пендаровски на 15 мај.