Пендаровски: Џамбаски ни „продава“ фaшизaм во ново руво, Петков сака разговор на повеќе полиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски е категоричен дека новиот бугарски премиер Кирил Петков носи нови тонови во спорот.

Ако веќе доаѓа човек кој вели нема да зборуваме за етничката припадност на цар Самуил, туку и за други работи кои ги тангираат граѓаните, тоа е веќе многу помодерен пристап. Ова е веќе подобро отколку што имавме до неодамна, особено со 2-3 перјаници од претходната владата, ги знаеме, да не ги споменувам. Ако паметите вчера или завчера, имаше еден (европратеникот Ангел Џамбаски) од таа групација, која не можеше да го помине изборниот праг, повторно од Брисел или Стразбур ни продава некаков фашизам, спакуван во ново руво, вели Пендаровски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Според него, премиерот Кирил Петков сака разговор на повеќе полиња и тоа е сега најважно.

Историската комисија е важна за да надополниме нешто во историјата, но не можеме да зборуваме само за тоа и да вреднуваме според неа, кој ќе влезе во ЕУ, истакна Пендаровски и додава дека рокот од шест месеци е предолг за спорот со Бугарија.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во видео објавено на неговиот Фејсбук профил изјави дека нивниот премиер Кирил Петков должи итно објаснување, бидејќи бугарскиот став на темата Македонија не може да се смени.

„Македонија е Бугарија, втора бугарска држава на Балканот, како што ние од мојата партија постојано изјавуваме. Премиерот Петков должи итно објаснување. Во спротивно, ќе мислиме дека подлегнува на притисокот на антибугарските сили и оти игра според нотите на странски агентури и странски земји кои се обидуваат да ја нарушат бугарската позиција за Македонија. Тоа е неприфатливо и недопустливо“, се вели во пораката на Џамбаски до премиерот Петков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This