Пендаровски: 25 гoдини нaшиoт cтaв oкoлy jaзикoт и идeнтитeтoт e иcт и нeпpoмeнeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на државата рече дека јазикот и придавката македонски не е спорен ниту во Преспанскиот договор.

Претседателот на државава Стево Пендаровски вели дека никој не го продава јазикот и идентитетот во разговорите со Бугарија и дека ставот е непроменет веќе 25 години. Потврда на тоа се ОН и Преспанскиот договор.

– 25 години нашиот став околку јазикот и идентиетот е ист и непроменет. Не размислуваме воопшто за некакво попуштање во тој однос. Оставете го тоа што опозицијата вели дека Зоран Заев распродава сѐ и наводно се случил народот па тој се повлекол. Тоа не е точно. 25 години нашиот став е непроменет за јазикот и иднетитетот – рече Пендаровски во интервју за телевизија Канал 5.

Тој рече дека тоа е така покажа и заедничката Историската комисија која токму на придавката македонски искажа неусогласеност и појасни дека придавката македонски и македонски јазик не е спорна ниту во Преспанскиот договор.

Бугарија рече тој бара јазикот пред 1944 година да се прифати дека е бугарски дијалект.

Во однос на заедничката историја Пендаровски рече дека одделни личности од историјата можат да се слават во двете земји, но Северна Македонија и Бугарија се две држави.

– Ако сме две држави  не може да имаме иста историја – рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This