April 24, 2024, 12:50 pm

Пендaровски денес ќе го има третото годишно обраќање во Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на државата денеска ќе го има третото годишно обраќање во Собранието, кое традиционално се случува пред Нова година. Обраќањето пред пратениците е закажано за 12 часот.

Се очекува шефот на државата да зборува за актуелните случувања и за очекувањата наредната година.

Обраќањето е во период кога се очекува формирање нова Влада. Aктуелната на чело со премиерот Зоран Заев се очекува од денеска да биде во оставка. По оставката на Заев, Пендаровски треба да го даде мандатот на друг мандатар за состав на Владата.

Заев оставката ја најави и самиот во последниот јавен настап вчера во обраќањето на состанокот во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана, каде го промовираше новиот лидер на СДСМ и актуелен заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски, како свој наследник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This