дома Актуелно Пендapoвски го демантиpaше 3aeв: Ништo нe ce пoмpднaлo од мecто, не се...

Пендapoвски го демантиpaше 3aeв: Ништo нe ce пoмpднaлo од мecто, не се peшени пpoблемите со соседите

Во гостувањето во “Топ Тема” претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски истакна дека спорот со Бугарија има континуитет долг 60-тина години и од тогаш до денес нема никакво поместување во ставовите на Бугарија кон Македонија, Македонците и македонскиот народ. Говорејќи за средбата со Стојан Андов и податоците кои тој ги добил од поранешниот собраниски спикер, спорот не мрднал од место веќе 60 години, на овој начин претседателот најдобро го демантираше Зоран Заев.

– “Вчера баш имав еден подолг интересен разговор со господинот Стојан Андов кој побара да ме види во мојот кабинет иако тешко се движи на 84 години. Му благодарам за тоа што дојде да ми каже некои негови согледувања за Македонско-Бугарскиот спор. Слушајќи го, нема да верувате, се што кажуваше, а неговите искуства до сега а и во поранешна Југославија од пред 50-60 години се практично идентичните формулации, ставови, аргументи кои доаѓаат од Бугарската страна и истите тие ставови кои сме ги имале и ние во тоа време. Се потсетив на една мала книшка која малкумина од младите ја знаат. Таа книшка кај нас е публикувана пред незнам колку години, во која се сместени стенограми, практично од разговорите меѓу тогашниот комунистичкиот врв на тогашната Македонија, екипата предводена од Крсте Црвенковски каде во Софија разговараат со врвот на Бугарската комунистичка партија, и ако занемарите на насловната страница, годината ја пишува кога е тоа печатено, мислите дека разговараме на истата тема за Македонското прашање во 2020 година. Ништо не се помрднало од место” – Тврди Пендаровски.

Пред само една година, премиерот Зоран Заев истакна дека за две години неговата Влада успеала да ги реши сите отворени прашања со соседите.

Наша одговорност и должност беше да го зачуваме идентитетот македонски. Го зачувавме, и го потврдивме и го зајакнавме. И светот го препозна тоа. Ни оддаде признанија. Не препознаа како рамноправен партнер, како фактор во регионот, во Европа и во светот, и оваа година го добивме најпозитивниот извештај до сега откако сме држава кандидатка за членство, со чиста, и безусловна препорака на Европската комисија за почеток на преговорите за членство. За тоа заслужуваме да се израдуваме и да си честитаме сите. Сработивме многу и имаме резултат“, потенцираше тој.

Истото тоа Заев го истакна и од Собранието на Република Македонија.

Тој ги потенцираше затворените билатерални прашања со соседите, дека постигнавме договор со пријателска Бугарија и тргнавме повеќе од една деценија отворено прашање за нашата земја, што беше загрозувачко прашање и за пријателството и за нашите интеграциски процеси. Ја презедовме одговорноста и го решивме спорот со постигнување договор со Грција. „Наша одговорност и должност беше да го зачуваме идентитетот македонски. Го зачувавме, и го потврдивме и го зајакнавме. Еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишуваат во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа. Заедно со Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други, избравме иднина, наместо неизвесна и бесмислена изолација“.