дома Актуелно ПЕНЗИОНЕРИТЕ РАЗОЧАРАНИ : Нема покачување на пензиите

ПЕНЗИОНЕРИТЕ РАЗОЧАРАНИ : Нема покачување на пензиите

Пензионерите се разочарани од одлуката на новата влада предводена од СДСМ да го укине покачувањето на пензиите. Велат дека нема никакво покачување и висината на пензијата која што ја зеле минатиот месец е потполно иста.

-Немам покачување јас. Со 8.000 пензија сум. 23 години имам стаж, тогаш не избркаа во 2002 година од Нова Македонија, стажот не ни го плаќале, ништо не ни даваа. Чекавме до пензија, вели една од анкетираните пензионерки која додава:

-Ништо, нема ништо. Какво покачување, кој ти дава. Да е здрав и жив Груевски, имаше покачување, но овој гледа 1 отсто, што е тоа?

Друга пензионерка коментира дека нема никакво покачување на пензиите.

-Нема покачување. Дали ќе биде и тој 1 посто. Сега нема никакво покачување. Колку сум зела минатиот месец, толку сум зела и сега. Значи нема никакво покачување, вели таа.