Пентагон koнтра Бајден: Не сакаме да се отkaжеме од концептот на прeвентивен нуклeapeн нaпaд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пентагон не сака да се откаже од концептот на превентивен нуклеарен напад, на кој инсистира претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, пишува весникот „Политико“.
„Децениската амбиција на Бајден да ја намали улогата на нуклеарното оружје во воениот потенцијал на САД се соочува со зголемен отпор од Пентагон, особено кога на виделина излегуваат информации за растечкиот арсенал на Русија и Кина“, пишува американскиот весник. повикувајќи се на извори.
Како што се посочува, се разговара за концептот за откажување од превентивна употреба на нуклеарно оружје, како и за евентуалната најава дека единствена цел на американскиот нуклеарен арсенал ќе биде да се спречи нуклеарна војна.
И двете би биле значително отстапување од сегашната концепција за Вашингтон, се наведува во написот. Во ноември во Белата куќа се очекува да се одржи состанок на високо ниво за ова прашање.
„Но, поединци во Пентагон го гледаат светот поинаку од претседателот, особено поради растот на руските нуклеарни сили и модернизацијата на руското оружје. „Значи, и покрај тоа што Бајден ќе ја донесе конечната одлука за нуклеарното позиционирање на американските сили, Министерството за одбрана веќе бара начини да влијае на претседателот без да му даде голем избор“, наведува весникот.

Извор од Пентагон за „Политико“ вели дека тешко дека на Бајден ќе му биде понудено откажување од превентивен нуклеарен напад како една од опциите за развој на нуклеарни сили. Сепак, портпаролот на Пентагон Џон Кирби рече дека тоа е „неточно“ , нагласувајќи дека е во тек „детален процес“ на разговори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This