дома Социјални Мрежи ПЕРО АНТИЌ БАРА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ШИЛЕГОВ: Ќе ми ги платиш...

ПЕРО АНТИЌ БАРА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ШИЛЕГОВ: Ќе ми ги платиш ли сметките за Аутан, а градоначалниче?

Поранешниот репрезентативец Перо Антиќ размислува да му ги испрати сметките за препарати против комарци на градскиот татко Петре Шилегов. Антиќ, кој има 36 години, и е татко на тројца синови, одговорно тврди дека олку комарци никога во неговиот живот немало.

Сакајќи да го избере најдоброто средство за прскање против комарци, Шилегов го промаши летото. Веќе е средина на август, а Град Скопје најави дека утре ќе прска дури вторпат.