Петиција против најавената гасна централа која би согорувала комунален отпaд во Неготинско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почна собирањето потписи против најавената гасна централа која би согорувала комунален отпад во Неготинско, информираше вечерва Сашко Тодоров, претседател на Здружението на граѓани „Ековита”.
Тој нагласи дека станува збор за граѓанска иницијатива, петиција, со цел спас од евентуално загадување.
-Ова е петиција на граѓаните против гасна централа, која, според нашите информации, би согорувала комунален отпад од цела Македонија. Почна во селата Војшанци и Тремник кои се најблиску до најавената инвестиција. Веќе има над 400 граѓани кои се против најавената стратешка инвестиција во Дуброво, која, според нашите информации, би преработувала и согорувала над 700 000 тони годишно комунален отпад од цела Македонија, соопшти Тодоров.
Тој додаде дека со петицијата се повикува на селективен бојкот на локалните избори на сите кои дозволуваат гасна централа, да се загадува Неготино и не ги почитуваат своите сограѓани.
Тодоров потсети дека граѓаните го имаат последниот збор на локалните избори

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This