дома Македонија Петковски: Ако не беше 1903 Илинден, немаше да има Илинден ’44, тaka?

Петковски: Ако не беше 1903 Илинден, немаше да има Илинден ’44, тaka?

Тито Петковски, Претседателот на НСДП, во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 на прашањето за барањето на Бугарија за укинување на празникот 11 октомври одговори дека ако не беше 11 октомври, немаше да го има 8 октомври. Ако не беше ‘903 Илинден, немаше да има Илинден ’44. И ако не беше 11 октомври, Македонија немаше да учествува во Народноослободителната војна.

„Па видете, ако не беше 11 октомври, немаше да го има 8 октомври. Така ли? Ако не беше 903 Илинден, немаше да има Илинден ’44. Taka?“, вели Петковски.

И ако не беше 11 октомври, кај што се сега натпреваруваат Куманово и Прилеп, кај пукна првата пушка, немаше да има учество на Македонија во Народноослободителната војна. Нели викаме, тогаш почнаа првите отпори. Нападот на жандармеријата бугарска во Прилеп значи почеток на отпорот и организираната борба на Мaкедонците против бугарскиот окупатор во Македонија, дополни тој.