дома Македонија Петров: Името е идентитетот

Петров: Името е идентитетот

Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето: Името на државата е идентитетот на народот односно нацијата! И затоа од Македонија – Македонци! Од името на државата по автоматизам произлегува името на националноста! И обратно, како што од името на народот е името на територијата, односно на државата! За да нема дилеми, народот е основа на нацијата, затоа и националните малцинства, поради еднаквоста на сите пред Уставот и законите независно од етничкото потекло, верското уверување, општествената положба и социјалната припадност!

Па нели, дури и ние, за народот во Црна Гора не велиме Црни Горци или Црно Горци, туку Црногорци. Е, па, затоа, оние со англискиот и германскиот говорен јазик, за народот од “Северна Македонија“ не велат “Северни Македонци“ или “Северно Македонци“, туку “Северномакедонци“!
Со ништовен билатерален договор не се менува правопис на јазик на трета страна. И во тоа е успехот на грчката дипломатија наспроти македонските идиоти. Убедуваа дека националноста е бетонирана, иако свесно ја продадоа. И тоа за силни пари, лукративност до бесвест. Грците сакаа композитно име за државата Македонија, составено од два збора, две именки, за зборот Македонија да се изгуби. Односно, името на државата од етнологија да се трансформира во чиста географија и во тоа успеаја…

Кардинална грешка во случајот со Македонија е вклученоста на националните малцинства, бидејќи името на државата не (беше)е малцинско право, но некои си зедоа ретроградна позиција во промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, а тоа не останува без последици и заборавено…

… Колку за потсетување: По повод Декларацијата на Европскиот совет на Европската заедница за поранешна Југославија, усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, што се однесува за признавањето на Република Македонија “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија“, Собранието на Македонија на седницата одржана на 3 јули 1992 година донeсе Декларација, објавена во “Службен весник на Република Македонија“ број 40, на 4 јули 1992 година.

Во точката 1 од оваа Декларација се вели: “Собранието на Република Македонија го оценува за неприфатлив и го отфрла делот од Декларацијата на Европскиот совет на Европската заедница за поранешна Југославија, усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, што се однесува за признавањето на Република Македонија ‘со име кое нема да го вклучува терминот Македонија’. Co прифаќањето на ваквиот став, макар и привремено, се прави преседан со исклучително тешки меѓународни последици.“

Во точката 6 од оваа Декларација, исто така, се вели: “Името Македонија е основа за името на еден народ – Македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија и со неговото негирање се врши дискриминација врз тој народ и националностите кои живеат со него. Тоа не е во функција на обезбедување мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и зачувување на нејзиниот суверенитет и независност, обезбедени на мирен и демократски начин.“

Понатаму, во точката 7 од истата Декларацијата се вели: “Собранието на Република Македонија и натаму инсистира и бара од Европската заедница, како и од пошироката меѓународна заедница, Конференцијата за европска безбедност и соработка и Организацијата на обединетите нации и нејзините членки, меѓународно да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници!“

Оваа Декларација како основа на македонската надворешна политика никогаш не е променета! За жал, актуелната марионетска влада постапи спротивно и на декларацијава и на референдумот од 8 септември 1991 година и на референдумот од 30 септември 2018 година!

Да заклучиме, името на Македонскиот народ е нераскинливо поврзано со името на државата Македонија, името Македонија е основа за името на Македонскиот народ! Името на Македонскиот јазик, пак, е нераскинливо поврзано со името на Македонскиот народ! Ако ова е така, а така е и никако поинаку, да не чуди што за цел свет, јазикот на “Северномакедонците“ ќе биде “Северномакедонски“.

Е, толку од “бетонот“! “Бетонот“ на шарлатанот Заев и неговата платена камарила: “Северна Македонија – Северномакедонци – Северномакедонски јазик“.

Создадена е нова нација, со нов идентитет, во која само Македонците нема да бидат Македонци туку Северномакедонци. Таа нова нација е создадена од 17 јуни 2018 година. Нејзе, историјата од истата дата па наваму, пред тоа на други.
Впрочем, Вие не се именувате, за сами пред огледало да се довикувате, туку цел свет да ве препознава, тоа е вашиот Ај-Ди Идентитет! Ние Македонците, заради шарлатанот Заев, за цел свет добивме геноцидно име “Северномакедонци“. Македонци ќе си останеме за самите нас пред огледало.

Затоа и владината репресија во општеството, поради индоктринацијата во образованието, преку “реформите: образование без историја“ или со учебници за Македонија од Атина и Софија, да ги научат децата дека не се Македонци туку “Северномакедонци“, да учат нова историја за Македонците и за Македонија напишана во соседните Атина и Софија, преседан во светската историја на државите и народите.

И кога ќе погледне човек на сцена, буљук разлигавени фаци, загрижени идиоти, кои цело време, триесет години ни кажуваат што ќе се случи од тоа што другите ни посакуваат, а со прст не мрднаа тоа да не се случи, лоши советници. Но и такви, кои ќе ти кажат, па ништо не е сменето! Иако се’ се менува и се’ македонско овде во Македонија се забранува! Кој е тој садо-мазохизам и абнормалност, од позиција на власт, да им ја вадиш душата на Македонците во Македонија, да им ја менуваш историјата и идентитетот, во сите датотеки да ги запишуваш било како само не како Македонци, тоа е чудо на природата, да вршиш геноцид и злосторство против човештвото врз еден древен народ Македонски! Овој кабинализам е ретко видена душевна состојба… За жал, заминаа и такви кои беа на власт, можеа трајно да ја тргнат агонијата на Македонскиот народ, но не сторија ништо до тоа да дојде, ќе го носат гревот на апстиненцијата. Но, кога и да е, бумерангот ќе им се врати по тил, на сите кои ја осквернавија оваа света земја Македонија… Не им бега судот на историјата, народот и правдата…

Атина трошеше стотици милиони во антимакедонска кампања по светот да го докажат “грчкиот карактер на Македонија“. На крајот им текна дека најефтино е да си ја купат владата во Македонија, таа да им ја врши работата која тие до вчера ја вршеа во светот. Сега Ние Македонците, овде во Македонија, ќе се јадеме еден со друг, до самоуништување!

Го прашале еднаш Господ, зошто во пеколот до секој казан во кој се вари по еден народ, кај македонскиот казан нема чувар?! Господ одговорил, таму нема потреба од чувар, бидејќи кога еден ќе сака да скокне од казанот, друг од внатре го повлекува надолу.

Ама, за и овој коментар да не биде жалопојка, решението безалтернативно: Итно и безусловно еднострано раскинување на Спогодбата Димитров-Коѕиас и продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија, инаку… нема Македонија, еден ден ќе снема и Македонци…

Никогаш северна, само Македонија!

Пишува Тодор Петров на Фејсбук.