дома Хроника Пет дена бecнee пожapoт кај Струмица, ветрот дополнително ја влошyва ситуацијата

Пет дена бecнee пожapoт кај Струмица, ветрот дополнително ја влошyва ситуацијата

Пожарот кај м.в.Погана, кој започна на ден 01.08.2021 година е со намален интензитет, односно нема активно горење.

Досега опожарени се околу 1.300 ха ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен). Денес до околу 12:00 часот беше спласнат, но со појавата на посилен ветер се прошири према Богданци, непосредно пред ветерниците е активен и посилен и критично за еден дел од зимзелена шума, како ветрениците.

На останатиот терен према населените места Балинци и Брајковци е локализиран. На терен интервенираат: ТППЕ Валандово со 2 ПП возила и 7 пожарникари; ШС Саланџак – Валандово со 14 вработени; ПО ДЗС Валандово со 7 припадника; АРСМ со 30 припадника; ЕВН Битола со 7 вработени, едно теренско возило и 1 цистерна и Здружение од Битола со 9 припадника. Има и 2 трактори за пренос на храна и вода за учесниците во пожарот.

Поради новонастанатата ситуцација и активирање на пожарот во непосредна близина кај ветерниците ќе има потреба и за утрeшниот ден помош од армијата и други сили.