Правилниот распоред на оброците во денот влијае на целото психичко и физичко здравје на човекот. Затоа распоредете ги паметно оброците во денот и прилагодете во времето за јадење на вашиот начин на живот. Доколку некогаш не сте во можност да имате оброк или ужина, препорачливо е да ги избегнувате овие 5 работи.
Не одете да пазарите во маркет доколку сте гладни. Чувството на глад може да ја измени вашата перцепција за тоа што навистина ви е потребно, а доколку влезете гладни во маркетот може да потрошите повеќе пари од вообичаеното и да купите производи кои не ви се навистина потребни во моментот. Доколку сте навистина гладни а морате да отидете во маркет, најдобро решение е да си направите список на потребните намирници.
Не пијте алкохол на „гладно срце“ бидејќи може да настрадаат желудникот, срцето и бубрезите. Доколку се решите да пиете алкохол, задолжително нешто јадете претходно или замезете. Исто така, кога сте гладни, цигарите и кафето можат да влијаат лошо на вашето здравје а особено да го забрзаат биењето на срцето.