Пецаков: Во Охрид ќе има уредени плажи, но не и платформи во езерото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Охрид ќе добие уредени плажи, но со строго почитување на препораките на УНЕСКО. Нема да има платформи во вода, но дел од крајбрежјето ќе се уреди за потребите на туристите, согласно плановите и препораките на Владата и надлежните министерства, кои во моментов изработуваат Урбанистички план за крајбрежниот појас на Охридското Езеро.

Вакви се најавите на новиот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, кој вели дека се што ќе се презема во иднина ќе биде со цел да се заштити езерото, како едно од највредните културни и природни наследства во Македонија.

Пецаков за „Дојче веле“ ги открива неговите замисли како треба да се развива градот во однос на туристичката понуда, како да се заштити езерото од енормното загадување, а најавува и решавање на долгогодишниот проблем со депонијата во Охрид, која што секојдневно го труе градот.

Ќе се уредуваат само дел од плажите

По овогодишната акција за расчитување на крајбрежјето, што ја координираше поранешниот градоначалник на Охрид, Костантин Георгиевски, во која беа урнати платформите во езерото и плажите за коишто не била плаќана концесија, градот ја дочека туристичката сезона со скромна понуда. Некои беа задоволни што плажите биле ослободени од „окупацијата“ на лежалките, други, пак, критикуваат дека со уривање на атрактивните платформи туристичкиот центар станал непримамлив за многумина.

Пецаков за „Дојче веле“ најавува уредување на дел од крајбрежјето во пресрет на идната туристичка сезона. Станува збор само за дел од плажите коишто ќе добијат нов лик, откако ќе бидат одобрени со Планот на Владата и надлежните министерства за уредување на крајбрежјето.

Оние плажи за кои што ќе биде издадено одобрение, ќе бидат уредени со природни материјали. На половина од просторот ќе бидат дозволени лежалки, додека останатиот дел ќе мора да биде слободен – вели градоначалникот на Охрид.

Место концесии – краткорочни договори

Пецаков вели дека плажите нема да се даваат под концесии како досега. Се размислува за нив да се склучуваат краткорочни договори за закуп, најверојатно од по една година. Но, повторно градење на платформи коишто длабоко навлегуваат во езерото и беа трн во око во сите извештаи на невладините организации и на УНЕСКО, нема да се дозволи.

Повеќе на „Дојче веле“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This