Пецаков: Да ги почитуваме правата и потребите на децата, со акцент на квалитетно образование, животна средина и квалитет на живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секогаш сум на вашата страна затоа што сте наша гордост, наша надеж и наша иднина. Вие сте сегашноста и иднината на градот Охрид и татковината Македонија, напиша градоначалникот Кирил Пецаков по повод 20 Ноември Светскиот ден на детето.

Наша обврска како Општина Охрид е да ги почитуваме правата и потребите на децата со ставање акцент на идеите за квалитетно образование, животна средина и квалитет на живот, како и општо сѐ за децата. Упатувам и апел до возрасните, да го слушнеме гласот на децата и да ги насочуваме кон реализација на нивните соништа! Нека сината боја на социјалните мрежи биде заедничката желба за посреќно детство! – вели Пецаков.

Додава дека пандемијата предизвикана од КОВИД-19 покажа како нееднаквоста влијае на правата на секое дете кои мора да се почитуваат согласно Конвенцијата за правата на детето на ООН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This