дома Локално ПЕШАЦИТЕ НЕ СЕ ТОЛКУ ВАЖНИ: Градоначалникот на Центар не можел да забрани...

ПЕШАЦИТЕ НЕ СЕ ТОЛКУ ВАЖНИ: Градоначалникот на Центар не можел да забрани паркирање на тротоари

Не можеме да забраниме паркирањето на тротоари во Дебар Маало оти ќе се создаде уште поголем хаос, вели градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ откако Советот на последната седница не го поддржа барањето на граѓаните за регулирање на паркирањето на улицата Орце Николов, пишува СДК.

Како предлог точка на дневен ред по барање на жителите на Дебар Маало беше Предлог-препорака за регулирање на паркирањето на јавните површини – тротоари на улицата Орце Николов, на потегот од улицата Франклин Рузвелт до булеварот Свети Климент Охридски. На овој потег граѓаните одат по улица бидејќи тротоарите се окупирани од возила. На тротоарите нема место за пешаци, колички за бебиња, инвалидски колички и велосипедисти оти се обележани како паркинг места односно се наплатува зонско паркирање.

Советниците од мнозинството кое е од СДСМ гласаа против оваа точка да се стави на дневен ред со образложение дека тогаш жителите на Дебар Маало ќе немаат кај да ги паркираат своите возила.