дома Локално ПЕШЕВСКИ: Условите за водење на бизнис во Република Македонија се на високо...

ПЕШЕВСКИ: Условите за водење на бизнис во Република Македонија се на високо ниво

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски реализираа посета на компаниите Алмак, која работи во дејноста производство на мебел и Маби трејд, фирма од конзервната индустрија од Струмица.

Во разговорите со сопствениците на компаниите Пешевски презентираше дека дека во изминатите 10 години Владата работеше напорно за да ги подобри условите за водење на бизнис за компаниите во земјата, што резултираше со отворање на над 160 илјади работни места, најголемиот дел во компании со домашен капитал.

Тој истакна дека Владата ќе продолжи да ги стимулира компаниите преку политиката за ниски даноци за компаниите, а во Македонија просечната даночна стапка е најниска во целиот свет и изнесува 7,4%.

Пешевски спомена дека во наредните четири години ќе продолжи репласирање на поволни кредити во висина од 101 милиони евра, со субвенционирана каматна стапка од 5,5%, како и со поддршка од Агенцијата за вработување за субвенционирање на вработувањата преку Оперативниот план.

Сопственикот на компанијата Алмак, која од 1995 со само 2-3 вработени во 2016 година достигна бројка од околу 300 лица, истакна дека веќе почнува да се чувствува недостаток на работници, и дека е потребно да се оформи специфична паралелка за дрвно-преработувачката индустрија.

-Работиме на тоа да го развиваме образованието на тој начин да им се излезе во пресрет на работодавачите, со создавање на кадри за потребите на бизнисмените, рече Пешевски.

Невработеноста се намалува, а тоа предизвикува покачување на платите, кои што во изминатите години се покачија за над 65%. Не радува што компаниите растат и се развиваат, а со тоа се овозможуваат и подобар животен стандард за нивните вработени, заклучи Пешевски.