Пејачката Ивона од Куманово заврши во болница и се огласи со порака за благодарност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пејачката и јутуберка Ивона Јовановиќ од Куманово која во јавноста е познато под прекарот Ивона Јо вечерва се огласи на инстаграм каде што сподели:

Шифрата на Wi-Fi мрежата во болницата започнуваше со 3,2,1 – баш ко одбројување за добар старт.

На 26.08.2021 направив bariatric surgery-кратење на желудник во Турција.

Од каде да почнам? Од благодарноста кон моите родители кои не себично ми пружија љубов и секој вид поддршка за овој нов чекор во мојот живот.

Благодарноста е таа која овој период ме дефинираше како прав зрел човек. Во моменти на најголемата болка која сум ја искусила во мојот живот, јас велев дека можам и дека ќе успеам.

И успеав. Се разбудив жива и здрава од операцијата и во овој момент сум на пат кон здрава верзија на Ивона.

За самата процедура нема да зборам сега. Ќе се задржам на емотивниот момент и одлуката.

Долго време на мојот профил читате за прифаќањето на самите себе и љубовта кон себе. И стојам уште до тоа.

Без прифаќање на реалната ситуација и согледување на своите ЧУВСТВА немаше никогаш да прифатам овакво нешто. Прифати за да можеш да промениш е мотото кое ми одзвонуваше во главата секојдневно.

Прифати за да можеш да промениш. И последните недела дена пред операција ( моментот бикини на плажа) беа тие денови кога живеев слободно.

Ја почувствував слободата на сопственото тело. Одлучив овој процес да оди јавно без цензура. Се што ќе се случува со мене ќе го проаѓаме заедно. Ве сака ИвонаЈо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This