дома Хроника Пејачка од Косово yaпceнa поради швepц со opyжje

Пејачка од Косово yaпceнa поради швepц со opyжje

Албанската полиција на граничниот премин Морина ја приведе косовската пејачка Фјола Морина, поради сомнеж дека сакала нелегално да внесе огнено оружје преку границата, пренесува агенцијата Миа Ора њуз.

Пиштолот е пронајден во чантата на пејачката, по претресот на нејзиното возило, полицијата пронашала и пиштол кој изгледал како запалка.

„За време на контролата во чантата на Ф.М. (34) која е пријавена во Приштина, граничната полиција пронашла и како доказ заплени огнено оружје тип ‘зораки’ со 23 куршуми. Во багажникот на воизлото пронајден е и пиштол кој изгледал на запалка“, соопшти албанската гранична полиција.

Притворени се и сопатниците на пејачката Ф.М (29) исто така од Косово и Ф.С. (29) од Белгија.