дома Спорт Пилотот винoвен за тpaгичната cмрт на Коби Брајант и неговата ќерка

Пилотот винoвен за тpaгичната cмрт на Коби Брајант и неговата ќерка

Американските истражители коишто ја истражуваа хеликоптерската несреќа во која загина легендарниот кошаркар, Коби Брајант, соопштија дека пилотска грешка е најверојатно причината за несреќата.

Во извештајот за несреќата во која на 26 јануари 2020 година загинаа девет лица, се наведува дека пилотот на хеликоптерот, најверојатно, ги прекршил федералните стандарди за време на летот, а, исто така, најверојатно ја загубил и ориентацијата управувајќи со леталото во услови на намалена видливост.

Претседателот на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB) Роберт Самуолт, презентирајќи ги наодите од истрагата, потенцираше дека пилотот Ара Зобајан го насочувал хеликоптерот управувајќи го при визуелни правила на летање што подразбира дека требало да ја гледа насоката на движење.

Според истрагата, пилот леталото од типот „Сикорски С-76“ во услови на утринска магла се обидел остро да се искачи над облаците при што нагло се завртел и удрил во брдовит предел во јужна Калифорнија

Во леталото немало „црна кутија“, што и не била потребна.

Во несреќата загинаа сите девет патници во хеликоптерот, меѓу кои 13-годишната ќерка на Брајант и уште шестмина други, кои патувале на младински турнир во кошарка.