Пилот на прекуокеанскиот лет од Њу Џерси до Глазгов заспал во бизнис класата.
Пилотот откако отспал час и половина се разбудил и се вратил во кокпитот.
– Не можам да поверувам дека пилот на лет со неколку стотини патници може да си дозволи вакво однесување, истакна еден од патниците, кој го видел пилотот како спие.
По реакциите на патниците случајот доби медиумско внимание и мораше да реагира Федералната управа за авијација на Велика Британија, од каде информираа дека станува збор за нормална појава регулирана со закон.
По реакциите се огласија и од авиокомпанијата, која соопшти дека во посадата на летот имало тројца наместо двајца пилоти и дека не можеле сите во исто време да бидат во кокпитот.