дома Свет Пинтерест под лупа на Мајкрософт

Пинтерест под лупа на Мајкрософт

Мајкрософт се обидува да го подготви најголемото преземање во својата историја: пред неколку месеци тие се обратија до управата на Пинтерест и започнаа разговори за можна зделка.

Пинтерест е социјална мрежа која поврзува многу широк спектар на интереси од разни хобија до професионални услуги или производи.

Декорација на домови, градење куќи, свадби, храна, чамци, возила … Постојат различни заеднички именители интегрирани во платформата Пинтерест, чијашто пазарна вредност за време на пандемијата достигна 51 милијарда долари по раст од 600 проценти. Пинтерест во моментов сигнализира дека би сакале да останат независна компанија.

Силниот пораст на цената на Пинтерест може да биде проблем за Мајкроософт, но не премногу голем. Со оглед на тоа дека Мајкроософт исто така порасна за 80 проценти за време на пандемијата, Пинтерест достигна само три проценти од вредноста на „Мајкрософт“ од 1,83 милијарди долари со својата капитализација.

Потенцијалното преземање на „Пинтерест“ од компанијата од Редмонд може да биде интересен тест за администрацијата на Џо Бајден, кој веројатно ќе се обиде да го спречи растот на моќта и влијанието на големите високо-технолошки компании.

Досега, Мајкрософт не беше под толку силни критики од политичарите како Google или Facebook, затоа што во нивната стратегија за раст тие повеќе се фокусираа на продажба на деловни субјекти и на државата, а помалку на потрошувачите. Мајкрософт веќе покажа желба да ја прошири својата деловна активност кон потрошувачите кога се обиде да ја купи ТикТок, популарна кинеска апликација што администрацијата на Трамп беше принудена да ја продава, пишува „Јутарњи лист“.

Клучни аквизиции на Microsoft во последниве години беа аквизиција на „ЛинкедИн“ за 26 милијарди долари во 2016 година и „ГитХаб“ и „МајнКрафт“. Тие минатата година го купија „ЗениМакс“.

Pinterest има база на податоци од 459 милиони корисници, а податоците што Microsoft може да ги собере за слики од интерес на корисниците на Пинтерест, може да станат нов значаен ресурс за маркетинг стратегиите на познатата компанија.

Минатата недела, Пинтерест објави 76% зголемување на кварталните приходи.