ВМРО-ДПМНЕ: Пипците од обвинитeлcтвото на Kpими-kapтелот Заеви ловат во матно и бараат свиркачи помеѓу професионалците за да го спacуваат од kpиминал Вице Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крими-картелот Заеви се во огромен страв и паника. Наместо обвинителството да приведува и сослушува луѓе за кои има пријави за очигледен криминал и рекет, пипците од обвинителството на Заев ловат во матно и бараат свиркачи помеѓу професионалците за да го спасуваат од криминал Вице Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема поголем доказ за стравот, паниката и инволвираноста на Заеви во овој случај на рекетирање бизнисмени, но и прикривање на очигледни докази за нивна вмешаност.

Вице Заев краде, Зоран Заев штити, Оливер Спасовски исполнува.

Наместо да ловат во матно и да сеат страв помеѓу професионалните кадри во МВР и ЈО, СДСМ и Заеви треба да одговараат.

Се уште чекаме реакција од Јавното обвинителство и од Оливер Спасовски за двете клучни кривични дела поврзани со аферата која ја објавивме.

Прашуваме кога ќе бидат повикани Вице Заев, заедно со Васко Ковачевски, Чифлигароски и другите да дадат искази за рекетот кој сакале да го изнудат и кога Јавното обвинителство ќе отвори истрага за фалсификувањето на пријавата, каде што треба виновниците да одговараат кривично?

Мафијата е фатена жива во криминал и нема да се спаси, се вели во партиското соопштение.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This