дома Локално ПИРАНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Хидробиолошкиот завод потврди дека во Дојран има пирани!

ПИРАНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Хидробиолошкиот завод потврди дека во Дојран има пирани!

Рибите кои рибарите во Дојран ги извадиле од езерото биле пирани потврдила анализата на охридскиот хидробиолошки завод. Според информациите, станува збор за аквариумски вид на пирани кои најверојатно некој ги пуштил во езерото.

Вчера медиумите објавија дека рибари во своите мрежи од езерото извадиле пирани, а некои од нив дури и ги каснале.