дома Спорт ПЛАКЕТАТА ЈА ЗЕМАВМЕ: Извршниот директор на „Вардар“ го поправи пратеникот Стевананџија –...

ПЛАКЕТАТА ЈА ЗЕМАВМЕ: Извршниот директор на „Вардар“ го поправи пратеникот Стевананџија – плакетата од Влада ја земале

Ракометарите на Вардар и управата на клубот ја зеле плакетата која им ја додели Владата на Македонија за огромниот успех кој го постингаа викендов, кога во Келн вторпат ја освоија шампионската титула. По повод европската титула, претседателот на Владата Зоран Заев вчера организираше прием, а на твитер пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стеванаџија објави дека скопскиот великан не ја примил плакетата со Признание што им беше доделена на приемот.

Плакетата ја земавме, еве ја во моментов пред мене – изјави Давор Стојановски извршниот директор на Вардар за „Слободен печат“.

Ваквата информација ја потврдија и од Владата.