дома Македонија ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА ЗА СИНОТ НА ЉУБОМИР ФРЧКОВСКИ: Јон Фрчковски стана...

ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА ЗА СИНОТ НА ЉУБОМИР ФРЧКОВСКИ: Јон Фрчковски стана помошник директор во ПУИК

Дојде живот за уште еден син на функционер и подржувач на власта. Јон Фрчкоски, син на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски е поставен за помошник директор во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор

Младиот Фрчкоски, е вработен како помошник директор во компанијата за плата од 55.000 денари.

Јон Фрчкоски претходно работеше во Општина центар а на оваа позиција доаѓа на местото на Александар Стојчевски, кој до сега го водел овој сектор. Неговиот татко, познатиот професор Љубомир Фрчкоски е поранешен министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ, кој во моментов е член на комисијата за реформи во правосудството.

Сличен скандал претходно имаше и со децата на функционерите Мирослав Грчев и Талат Џафери, кои без оглас беа вработени во државната компанија ЕЛЕМ.