March 29, 2024, 12:37 am

Плевнелиев: Заев мора да го eлиминиpa вeштaчкото прашање за македонско малцинство во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев во анализа за „24 часа“.

„Се наоѓаме во историски момент. Бугарија има голема одговорност за она што се случува во регионот. Одлуките што треба да се донесат оваа недела во Софија, Скопје, Берлин и Брисел секако ќе ја сменат насоката. Се надевам дека е за добро на сите. Со среќа“, вели Плевнелиев.

Според него, доброто сценарио е македонскиот премиер, Зоран Заев да почне длабоки реформи, воведувајќи ги европските вредности и принципи во политиката, институциите, учебниците, тајните служби, општеството и пристапот кон историјата. Плевнелиев е дециден дека ќе биде добар чекор доколку Заев и Борисов продолжат да разговараат и да прават компромиси.

„Заев мора да покаже добра волја со елиминирање на вештачкото прашање за македонско малцинство во Бугарија, а Борисов да ја прифати статус-кво состојбата во Северна Македонија“, вели Плевнелиев.

Тој нагласува дека добро се сеќава на мрачните години од режимот на Никола Груевски, а на Заев гледа како светло во тунелот и надеж за подобра иднина.

Според Плевнелиев, Скопје пред 25 години направило грешка во односите во Грција, а ако тогаш се одлучило за компромис и соработка со властите во Атина, Северна Македонија досега ќе била дел од ЕУ заедно со Бугарија, Хрватска или Романија, а можеби и порано.

Тој вели дека Северна Македонија сега е соочена со истата дилема – да се спротивстави или да соработува со Бугарија. Сепак, како што истакнува Плевнелиев, најголем предизвик за македонската влада во моментот е идеологијата на Тито поддржана од Русија и идејата за „Голема Албанија“ на Албанците во Северна Македонија.

Плевнелиев оценува дека Албанија е понапредна и работи напорно за почеток на преговорите, а како еден од примерите во таа насока го посочува пописот на населението.

„Во Албанија спроведоа национален попис, кој го гарантира правото на различните малцинства, вклучувајќи го и бугарскоро малцинство. Во Северна Македонија се уште немаме фер попис за сите етнички малцинства. Република Северна Македонија продолжува да негира дека има граѓани со бугарско етничко потекло, наспроти фактот дека над 100 илјади граѓани во Северна Македонија поседуваат бугарски пасоши откако го докажаа своето бугарско потекло“, вели Плевнелиев.

Тој предлага историската комисија да се прошири со ценети историчари од Европа, за да дава објективни резултати.

„Доколку Северна Македонија даде гаранции, прифаќајки ја рамката за преговори предложена од бугарската влада во дијалот со германското претседателство, вратата за членство во ЕУ може да се отвори уште во декември“, вели Плевнелиев.

Според него, лошо сценарио е ако раководството на Скопје одлучи дека стратегијата за победа е да продолжи да се претставува како жртва, што било случај со Грција во минатото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This