дома Политика ПОВЕЌЕ АЛБАНСКИ ОТКОЛКУ МАКЕДОНСКИ ЗНАМИЊА: Фијаското на СДСМ пред Влада обоено во...

ПОВЕЌЕ АЛБАНСКИ ОТКОЛКУ МАКЕДОНСКИ ЗНАМИЊА: Фијаското на СДСМ пред Влада обоено во албанска иконографија!

Долго најавуваниот „граѓански митинг“ на СДСМ вечерва доживува дебакл, откако не повеќе од 10.000 луѓе се собраа да му дадат поддршка на сепаратистот Зоран Заев и неговата федералистичка програма

Големоалбанската иконографија и вечерва е присутна на митингот на СДСМ, а како и претходно токму тоа е причината поради која Заев доживува фијаско на речиси секој граѓански собир.

Вечерва СДСМ едвај успеа да ја пополни улицата пред владата на Р.Македонија, од крстосница до крстосница.

Претходно, минатиот викенд ВМРО-ДПМНЕ на митингот организиран на улицата пред Собранието на Р.Македонија собра речиси 100.000 луѓе кои дадоа безрезервна поддршка на владеачката коалиција.