дома Македонија ПОВЕЌЕ ДЕЦА, ПОВЕЌЕ СРЕЌА, РАДОСНА ГОДИНА: МИЛОШОСКИ ГО ЧЕКА ЧЕТВРТОТО ДЕТЕ, МЕКИЦИ...

ПОВЕЌЕ ДЕЦА, ПОВЕЌЕ СРЕЌА, РАДОСНА ГОДИНА: МИЛОШОСКИ ГО ЧЕКА ЧЕТВРТОТО ДЕТЕ, МЕКИЦИ ОКОЛУ НОВА ГОДИНА

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по четврти пат ќе стане татко. Тој и сопругата Симона чекаат ќерка.

Пред две недели, пратеникот ги почестил со благо своите колеги пратеници во Собранието, заради радосната вест и бременоста на неговата сопруга Симона. Антонио Милошоски за „Репортер“ потврдил дека по четврти пат ќе стане татко.

Да, вистина е. Дома многу се радуваме што ни се случи посакуваната бременост. Давид, Дариа и Михаела ќе добијат уште една сестричка. Повеќе деца, повеќе среќа – рекол Милошоски.

Синот Давид има 10 години, помалата сестра Дариа 2 години, а засега најмалата, Михаела има 9 месеци. Третата ќерка Антонио и Симона ја очекуваат околу Нова година.