дома Свет ПОВЕЌЕ НЕ Е ПОТРЕБЕН: Скрипал пуштен од болница и пренесен на тајна...

ПОВЕЌЕ НЕ Е ПОТРЕБЕН: Скрипал пуштен од болница и пренесен на тајна локација

Поранешниот двоен аген Сергеј Скрипал е ослободен од болницата, два месеци по труењето со нервниот агенс во британскиот град Солсбери.

Неговата ќерка Јулија се опорави многу побрзо и беше ослободен од болницата минатиот месец.

Во изјавата на Окружната болница во Солсбери, двата пациенти биле пренесени на тајна локација поради безбедносни причини.

Скрипал и неговата ќерка Јулија биле пронајдени во несвест во англискиот град Солсбери на 4 март, а неколку недели биле во критична состојба.

Велика Британија ја обвини Русија за труењето, Москва ги негира овие тврдења, а овој настан доведе до влошување на односите помеѓу Русија и Западот.

Нешто порано, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, рече дека Москва ќе продолжи да бара од британските власти лична средба со семејството Скрипал.